Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Максим – ЗНАМ политика како приватен бизнис 

Sdsm.webp.webp

Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.

Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.

Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.

Тоа веќе сите го знаат.

Со ваквата политика, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.

Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.

Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.

Работниците да гладуваат, а тие  да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби.

Центар за комуникации, СДСМ

Можете да прочитате

Мисајловски: Инфраструктурните активности продолжуваат со силно темпо

1.875 прекршоци и 116 кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во тек е третиот конкурс за наградата „Оливера Николова” за најдобар необјавен роман за деца и млади