Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Лажно осудување на ДПМНЕ, нападот на Инфомакс е по српско сценарио

Sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ:

ДПМНЕ не демантираше дека напаѓачот на новинарите од Инфомакс е нивни член.

Во меѓувреме партиската полиција на ДПМНЕ вели дека станува збор за лице со „здравствени проблеми, кое претходно било спроведувано во Психијатриска болница”.    

Еве го српското сценарио на ДПМНЕ, копи-пејст од Србија, кое што почна денеска.

Напад на „Ќациленд” после кој српските служби рекоа дека наводно човекот што го извршил наодот бил луд.

А во суштина работел за безбедносните служби со години.

Лажното осудување на нападот на Инфомакс од страна на ДПМНЕ е исто како и нивните лажни вести дека нема мигранти за пари, дека нема српско сценарио…

Како сами себе да се осудуваат, бидејќи се директни или индиректни нарачатели на нападот врз медиумите.

Можете да прочитате

Фирма од Струмица од 2020 до 2026 година неовластено вршела увоз, складирање и продажба на хемикалии

Приведени две лица при претреси во Кавадарци, пронајдена дрога

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри