Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Коридорот 8 е нов економски и развоен импулс на државата

Ковачевски: Коридорот 8 е нов економски и развоен импулс на државата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата предводена од СДСМ со започнување на силна градежна офанзива на Коридот 8 носи нов економски и развоен импулс за државата, придобивки за граѓаните и стопанството, велат од владејачката партија.

dobivaj vesti na viber

„ Изградбата на Коридорот 8 значи помали трошоци за превоз, побрз транспорт, поврзување и интеграција на Северна Македонија, како и економски и регионален развој на државата.

Изградбата на модерни, современи автопати на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан, обезбедува подобро и побезбедно поврзувaње за граѓаните, подобри услови за стопанството, значителен поттик за трговијата и раст на инвестициите.

Коридорот 8 е дел од најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во патниот сектор, за изградба на четири автопатски делници во вкупна должина од околу 110 километри, во вредност од 1,3 милијарди евра.

СДСМ ќе продолжи да инвестира во инфраструктурата, во проекти кои обезбедуваат економски раст на државата и го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани“ се наведува во партиското соопштение.

Можете да прочитате

СДСМ има нова нов тим, нова сила-нова енергија

Најстудено во Берово -6 степени

Одбележувањето на патрониот празник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје