Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат дирeктно одговорните за трагедијата

Sdsm 1.webp.webp

Додека граѓаните на Кочани секојдневно протестираат барајќи неселективна правда, Владата предводена од Тошковски и Мицкоски прави се за да ги заштити своите и да ја дефокусира јавноста, велат од СДСМ.

„Истрагата за трагедијата во Кочани се претвори во класичен политички театар во режија на ДПМНЕ. Наместо да се фокусираат на актуелните пропусти вечерта на трагедијата, кога полицијата не реагирала, не затворила објект и дозволила присуство на малолетни и пиротехнички средства, власта оди десет години наназад сѐ со цел да ги заштити актуелните началници и службеници од други институции кои биле директно одговорни за настанот.


Се отвора мега-процес, вештачки надуван, во кој не се гони конкретна одговорност, туку се гради наратив – да се покаже „одлучност“ и „борба против криминал“ со цел прикирвање на вистински одговорните. Таков пристап е опасен. Не само што ја поткопува правната држава, туку и неправедно цели кон луѓе кои можеби имаат институционални пропусти, но не се директни виновници за трагедијата. Така семејствата на загинатите нема да добијат правда.

И додека се бркаат чиновници од пред десет години, началниците и командирите што таа вечер имале директна обврска да постапат, остануваат недопрени. Владата сака јавноста да заборави дека полицијата била таму и не направила ништо.

Згора на сѐ, со ваквиот пристап се ставаат под прашање и самите правни постапки – кои стануваат товар и за обвинителството и за судството.

Бараме:

-Итно проширување на истрагата кон актуелните функционери што биле директно одговорни вечерта на трагедијата.

-Да се стави крај на политичката злоупотреба на обвинителството и институциите.

СДСМ стои на страната на вистината, на страната на семејствата на жртвите и на јавноста што заслужува правичност, а не спинови. Вистинската одговорност мора да се лоцира таму каде што навистина е – кај тие што беа на власт кога се случи трагедијата.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД

Љутков: Доцнењето е поради долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата, извинете за оваа непријатност