Утрински Весник
Економија

СДСМ: Инфлација од 4,4% беснее и во август, власта не носи ниту една мерка

Sdsm.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Растот на трошоците за живот не запира, статистиката повторно регистрира зголемување на инфлацијата и цените на мало.


Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, инфлацијата на годишно ниво, односно август 2025 година споредено со август 2024 година, бележи зголемување од 4,4%. Најголемо зголемување има на трошоците за храна и безалкохолни пијалаци од 6,2 %.

Во истиот период, цените на мало поскапеле за 4,1%. Дури за 6,7% се зголемени цените на мало за прехранбени производи.

Ова е реалноста која ја живеат македонските граѓани – животот станува сѐ поскап, инфлацијата ја јаде куповната моќ.

Ова е резултатот од погрешните и аматерски економски политики на владата предводена од Христијан Мицкоски.

Колку и да сака премиерот Мицкоски да прикаже дека во државата добро се живее, статистиката не лаже, граѓаните ја чувствуваат сиромаштијата на свој грб.

Оваа влада покажа дека ниту има стратегија, ниту капацитет да ја заузда растечката инфлација. Жално е што владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека нема желба да им помогне на граѓаните и да преземе конкретни мерки за заштита на животниот стандард.

Додека граѓаните прават математики како да го протуркаат месецот, власта се расфрла со народни пари за свои луксузи и партиски интереси. Нема пари за повисоки плати, но има пари за милионски тендер за скапа опрема за промоција и организирање на настани.

СДСМ постојано предупредува на растечкиот тренд на инфлацијата и понуди конкретни решенија за раст на платите и намалување на цените, кои владејачкото мнозинство не ги прифати. Сега повторно бараме владата да преземе итни мерки за заштита на животниот стандард, граѓаните не смеат да бидат жртва на погубните политики на оваа власт.

Можете да прочитате

Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво, 0,2 на месечно

Поскапуваат горивата – 24info.mk

Славески: Поттикнување на финансиската вклученост како предуслов за економскиот развој