Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Храната е прескапа, со ДПМНЕ и Мицкоски граѓаните осиромашуваат

Sdsm Web Default 1024x576 1.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Храната е прескапа, цените на основните производи вртоглаво се зголемуваат. Освен трговците граѓаните немаат никаква корист од новогошната кошничка.


Последните податоци покажуваат дека минималната синдикална кошница за месец декември е зголемена за 840 денари и изнесува 62.861 денари.

Ниту две минимални плати веќе не се доволни за основните потреби на луѓето.

Со ДПМНЕ на власт граѓаните имаат се помалку пари во џебовите, осиромашуваат, се борат како да го истуркаат месецот.

Додека народот се мачи да преживее, Мицкоски и ДПМНЕ одбиваат да прифатат зголемување на минималната плата, не го прифаќаат предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната.

СДСМ ќе продолжи да се бори и да предлага решенија за ублжување на последиците и подобрување на стандардот на граѓаните.

Погрешните политики на Мицкоски и неговата ароганција се на директа штета на граѓаните. Со ДПМНЕ народот ќе има се помалку пари и ќе живее се потешко и потешко.

Можете да прочитате

Мојсоска: ДПМНЕ бара да му веруваме на Мицкоски, а праксата нѐ учи да не му веруваме

Филипче: Време е за единствен граѓански фронт за правда

Безживотно тело на маж пронајдено во двор во Драчево