Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Градската власт на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ја оставија Универзална да се распаѓа, реконструираниот дел е безбеден и неоштетен од пожарот

1708269119 D181d0b4d181d0bc D0bfd0bed187d0b8d182 D0b7d0b0 D0bbd0b8d0bad0bed182 D0b8 D0b4d0b5d0bbd0bed182d0be D0bdd0b0 D0b4d0b5d0bbd187d0b5d0b2 63dec8d02a5a9.jpeg

ДПМНЕ свесно лаже затоа што само поради нивната локална власт, Универзална сала не е направена и со години се распаѓаше. 

Во периодот на ВМРО ДПМНЕ, Универзалната сала беше оставена на забот на времето, практично беше уништена и од внатре и од надвор. 

Процесот на реконструкција започна во време на СДСМ, но со доаѓањето на власт на ВМРО – ДПМНЕ и нивната градоначалничка проектот за овој култен објект и симбол на Скопје стоеше во место. 

Дури и одлуката за преземање на изградбата на Универзална беше проблем, заради неспособноста на локалната власт на ДПМНЕ. 

Доколку Универзалната сала беше уредно реконструирана и ставена во функција согласно планот и ако уште пред две години беше предадена на Министерството за култура се ќе беше поинаку.

ДПМНЕ не може да помогне од одговорноста за Универзална сала.

Тоа што новата конструкција стои нечепната, а реновирањето го прави Министерството за култура, е само доказ дека проектот за реконструкција е целосно безбеден и ги издржа пламените јазици.

Надлежните институции треба да преземат сите законски мерки да се лоцираат причините за пожарот а Универзална сала ќе се направи и ќе биде на располагање на граѓаните.

СДСМ реконструира, ДПМНЕ се сити на пожар.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!