Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Градската и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е единствен виновник за проблемот со бездомните кучиња

СДСМ: Градската и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е единствен виновник за проблемот со бездомните кучиња

Целиот проблем со бездомните кучиња кој ескалираше последните месеци е единствено поради неспособноста и незаинтересираноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, обвини СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Градската и локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ не ги интересира ништо освен рацете во медот, тендери и провизии. Исто како и претходно кога 11 години ја предводеа централната и локалната власт, кога Мицкоски беше советник на Груевски не се преземаше ништо за кучињата скитници.

За разлика од нив градската власт предводена од СДСМ за првпат формираше јавно претпријатие за хуман третман на бездомните животни, а кадрите од ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска не можат ниту соодветно да го менаџираат.

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната власт досега“ порачаа од владејачката партија.

Можете да прочитате

Патролни возила со радар и 360° камера тргнуваат по прекршителите низ улиците

Лишен од слобода возач од Куманово кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа

Изгоре куќа во Тетово, пожарникарите брзо интервенираа