Утрински Весник
Економија

СДСМ: Граѓаните ја плаќаат сметката за бајките на Мицкоски

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Христијан Мицкоски повторно живее во својот паралелен свет на бајки и самофалби, додека граѓаните секојдневно се соочуваат со реалноста што ја создаде неговата влада.


За секоја негова изјава имаме јасен и директен одговор:

•  За задолжувањето: Мицкоски вели дека „сè уште не сме банкротирале”. Точно. Засега. Но, тој секојдневно ги задолжува нашите деца и внуци. Парите од новите долгови не одат за подобар живот на граѓаните, туку директно во тендерите на ВМРО-ОКГ. Буџетот се води од денес до утре. Само е прашање на ден кога државата ќе престане да може да се задолжува.

•  За „мигрантите” и „економските работници”: Мицкоски вели „нема мигранти”. Засега, бидејќи изборите се уште не се одржани. Но, тој тивко ги воведе преку задната врата. Го промени Законот за странци, ја смени терминологијата од „мигранти” во „економски работници” и за оваа година одобри 10.000 нови. Граѓаните најдобро ги гледаат на улиците, а отпуштените македонски работници најдобро знаат колку „економски работници” им го зедоа работното место.

•  За ИПАРД: Мицкоски вели „само шест месеци беше блокиран”. Само шест месеци?! Нека му го каже тоа на земјоделецот кој остана без субвенции, на кој му поскапе нафтата и ѓубривото, а субвенциите се намалени. Одлична ситуација, вели тој.

•  За платите: Не даде зголемување на минималната плата, но остави пари во буџетот за купување нов авион. Администрацијата доби 7% зголемување и тоа го нарекува „историско”. Во исто време потрошувачката кошничка поскапе за 3.500 денари. Историски најдобро се живее, вели Мицкоски.

•  За мерките за кризата: Цените отидоа до плафон, инвестициите паднаа за 60%, а тој не воведе ниту една мерка за заштита на граѓаните. Но продолжува да ни кажува дека сме „трета економија во Европа”. Сè е супер.

•  За реформите: Има 10 чекори, некои ќе ги направи, некои нема. Кои точно? Не знае никој. Типично „шибицарско” водење држава од дилетант.

•  За тендерите, скапите часовници, авионите и „одбраната на идентитетот”: Пари има за тендери, за часовницу од 65.000 евра и за нови авиони. Граѓаните нека се караат за македонскиот јазик кој е признаен од целиот свет. Мицкоски „брани” национален идентитет кој никој не го загрозува – додека самиот тој и половина од неговата партија имаат бугарски пасоши.

Во Македонија никогаш не било подобро.

Де факто и де јуре – историски најдобро.

Граѓаните ја знаат вистината.

Мицкоски може да продолжува да си раскажува бајки.

Ние ќе продолжиме да ја зборуваме вистината.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

Можете да прочитате

Ристески: Преку отворен и искрен социјален дијалог креираме одржливи и фер политики кои се од интерес за сите страни

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Божиновска на јубилејот на ЕВН повика на одговорен приватен сектор и цврсти институции