Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Гори цела Македонија, Владата нема контрола врз пожарите

Image 2025 07 09 202606208.png

Изјава за медиуми, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Состојбата со пожарите низ државата е драматична и алармантна. За жал, неофицијално ја имаме и првата жртва. Владата и институциите се немоќни и неспособни да одговорат на предизвикот. На пет локации низ Скопје граѓаните сами, со свои раце и ресурси, се борат со огнот.


Криза има во Дојран, во Крива Паланка и во околината на Скопје. Граѓаните со лопатите и со голи раце ја спречуваат огнената стихија. На многу места во опасност се фабрики, куќи и имоти, а штетите кои се закануваат се огромни.
Според сведоштвата од терен, институционалната поддршка или доцни или целосно изостанува, особено во Крива Паланка, во скопските села, како и во Дојран, каде помошта пристигна дури кога штетите беа веќе направени.

Крива Паланка се наоѓа во најтешка положба, огнот веќе зафатил делови од градските населби. Помош од ДЗС нема ниту една општина, иако била барана повеќепати. Во Крива Паланка државата е целосно отсутна, дотолку што на сцена се појавуваат бугарски пожарникари за да ја завршат работата на македонските институции.

Во Дојран, во селото Николиќ, пламените јазици се на само неколку метри од фабриката „Дојран Стил“, а во ризик се и резервоарите со метан.
СДСМ уште пред два месеца предупреди дека нема никаква подготовка, ниту стратегија, дека се доцни со мобилизирање на луѓе и механизација и дека не постои соодветна комуникација со граѓаните. Не е на време ниту побарана помош, ниту е направена соодветна коориднација со НАТО партнерите
Владата, како и секогаш, наместо да преземе одговорност, се крие зад болни и морбидни обвинувања кон опозицијата и СДСМ, дури и за подметнување на пожарите. Тоа го прават само луѓе кои немаат ни грам свест за тежината на својата функција и довербата што им ја дале граѓаните.

Кога се очекува лидерство и одговорност, Владата нуди само манипулации, спинови и обвинувања.

 Мицкоски нема контрола врз државата. А сега веќе нема ни кого да обвини.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Смилковско Езеро – прекинат сообраќајот

Јавноста шокирана: Дете врзано со јажиња – МВР преземаат мерки

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика