Утрински Весник
Македонија
Img 7972

СДСМ: Фрлени бомби и криминални пресметки станаа секојдневие поради неспособноста на министерот Тошковски

Sdsm.png
Dik 300x250 mk

Фрчат екплозии од бомби, криминалните пресметки станаа секојдневие а улиците се небезбедни. Неспособноста на Панче Тошковски сериозно ја наруши состојбата со безбедносна на граѓаните, велат од СДСМ во соопштение.

„Само во еден месец, октомври, за неполн месец, 5 инциденти со пукање и огнено оружје, а над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите 4 месеци. Имаше пукање од автоматско оружје во Чаир а пред тоа пукање на Скопската обиколница, две недели претходно имаше исто така пукање во Чаир, каде што директно беше вмешан и помилуваниот наркобос, Барон. Се пукаше и во Арачиново, Батинци, Сингелиќ, на пластичарската улица, во Тетово, се случи и убиство кај Мавровка.

Граѓаните стравуваат за својата безбедност а Тошковски и ДПМНЕ немаат капацитет да ги заштитат. Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи од Панче Тошковски“, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Возел пијан низ Охрид па удрил во паркирано возило

Левица: Во недела народот избира меѓу урбанистичката мафија и хуманата урбанизација

МВР во целост ја гарантира безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократки „Локални избори 2025″