Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Европратеници гледаат исто copy-pаste сценарио од Србија во Македонија

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Eвропратеници гледаат исто copy-paste сценарио во Македонија и во Србија.

Европратеникот Владимир Пребилиќ, член на словенечката зелена партија Весна (Greens/EFA) наведува дека и Македонија и Србија имаат проблем со реформите во правосудството.

Реформите на правосудството предизвикуваат сериозна загриженост, особено кога станува збор за независноста на судството.

Неспроведувањето на реформите, корупцијата и криминалот, независноста на судството стануваат сериозна пречка.

Европската комисија во последниот Извештај за Македонија нотираше сериозни слабости во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и во работењето на Собранието.

СДСМ во неколку наврати предупредува на опасната анти ЕУ кампања која по ист рецепт ја спроведува ВМРО во Македонија како СНС во Србија.

Намерно се отвораат конфликти со соседите, намерно се обвинува Унијата, за да се оправда изолацијата и да не се спроведат реформите.

Ширењето на оваа анти ЕУ кампања оди и преку медиуми под контрола на авторитарниот Орбан кој го шири своето влијание на Балканот.

Пораката на европарламентарците е дека е потребно промена на курсот за да се искористи овој бран на проширување на ЕУ бидејќи никој не е сигурен кога ќе дојде наредниот.

Можете да прочитате

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП, ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

СДСМ: Паниката во ВМРО ја извади на површина Платформата за рушење на СДСМ

Фатен крадец во Струмица, затекнат при кражба во црква