Утрински Весник
Македонија

СДСМ е против промена на државниот грб

Sdsm Drzaven Grb.jpg

СДСМ е против промена на државниот грб кој го носи континуитетот на НОБ, изјави претседтелот на партијата, Венко Филипче.

„Ние сметаме дека државниот грб сосем соодветно ги отсликува сите хералдиски карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и од придобивките на Народноослободителната и антифашистичка војна, нема никаква поделба во однос на етнички групи. Доколку има таква иницијатива со сите демократски средства најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање на денешниот брфинг со медиумите.


Филипче ја повика власта да одговори дали во рамки на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се разговарало и за промена на државната химна.

„Конкретно, првата дилема што се поставува е дали можеби внатре во коалицијата со ВЛЕН давајќи го овој предлог за измена на државниот грб можеби не се разговара во коалицијата и за измена на химната? Тоа е нешто на што ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ посети дека и во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имало предлози на маса за менување на државниот грб во пакет со иницијативи за отворање на оф-шор зони.

Можете да прочитате

„Вреди“: Бујар Османи излажа пред граѓаните за своите средби со Никола Груевски

Бујар Османи: Не вратија во мрачна сфера на српско-руски свет без европски вредности

Ново невреме ја зафати Македонија, наврнаа максимални 23 литри дожд!