Утрински Весник
Македонија

СДСМ ќе направи сè за исполнување на стратешката цел: членство во ЕУ до 2030 година

СДСМ ќе направи сè за исполнување на стратешката цел: членство во ЕУ до 2030 година

СДСМ заедно со коалициските партнери, заедно со граѓаните, ќе направи сè за Македонија да продолжи напред по европскиот пат и да ја исполниме стратешката цел: членство во ЕУ, потенцираат од оваа партија.

dobivaj vesti na viber

„Можеме во тоа да успееме. До 2030 година да стоиме рамо до рамо со своите европски партнерски земји како рамноправна членка на Европската Унија. ЕУ е нашата единствена алтернатива, а визијата на СДСМ за просперитетна земја обединета со Европа отсекогаш била во суштината на партиското делување. Членството во ЕУ значи интегрирање на признаениот македонски идентитет, јазик и култура во богатиот европски мозаик“, се истакнува во соопштениетот од страна на СДСМ.

Според нив, државата нема да добие подобар одговор.

„Ново вето од надвор нема да има, за што потврда има од сите релевентни меѓународни фактори. Сега е време за одлука и реализација на уставните измени. СДСМ ќе направи сè и ги повикува сите релевенатни политички партии да се приклучат на процесот. Заедно да изградиме иднина каде што нашите млади ќе можат да ги остварат своите соништа, каде што нашата економија напредува и каде што нашите демократски вредности јакнат“, додаваат од партијата на власт.

Можете да прочитате

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана

Мицкоски: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура