Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Димитриевски треба да одговори за големиот скандал, а враќањето членови од ЗНАМ во СДСМ веќе започна

Dimitrievski.webp.webp

Соопштение на СДСМ – реакција на изјавата на Максим Димитриевски

Големиот корупциски скандал ја разоткри вистината, Максим Димитриевски ја злоупотреби ЗНАМ за свои бизнис зделки.


Истиот човек кој гласно обвинуваше за криминал и ја обележуваше ДУИ како најголем проблем е фатен како соработува токму со нив – во криминал.

ЗНАМ никогаш не беше автентична политичка понуда. Таа постои за две цели: да биде продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ и да му служи на Димитриевски како алатка за остварување  а неговите бизнис интереси.

Граѓаните и членовите на ЗНАМ сега со право се чувствуваат изневерени и оттука е големата нервоза кај Димитриевски.

Наместо прозивки за СДСМ, после корупцискиот скандал Димитриевски нека се подготви за соочување со одговорноста пред истражните и судски органи.

Што се однесува до враќањето на членовите на ЗНАМ во СДСМ, тоа е веќе започнато.

Прогрес на македонската политичка сцена и вистински напредок на државата ќе има само кога од македонската политика ќе се искоренат полуписмени и криминализирани луѓе кои политиката ја сфакаат и користат само за да украдат макар и еден пар чизми.

Можете да прочитате

Екс претседателот Ѓорге Иванов стана Почесен доктор на науки на Универзитетот во Текирдаг

Одбележана 10 годишнината од настаните во Диво Насеље во Инџиково

Денот на Европа одбележан во Скопје со едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“