Утрински Весник
Македонија

СДСМ:Дали Мицкоски го носел синот на државен трошок во САД?

Fb Img 1720903601152.jpg

Универзитетот Џон Хопкинс на официјалниот профил на Твитер, објави фотографии од посетата на Мицкоски од САД каде според инфомрациите од медиумите, со него е неговиот постар син.

Мицкоски мора итно да ја информира јавноста дали го носел синот во САД на државен трошок и да се произнесе околу целата ситуација. Мицкоски кој од самиот универзитет порача дека правото и правната држава за него се приоритет, очигледно решил тоа да важи за сите освен за него, пишува во своето соопштение СДСМ.

Исто така, бараме Владата да го објави списокот на сите лица членови на делегацијата во САД кои патувале на трошок на граѓаните, за да се потврди или отфрли оваа информација. Изјава на Мицкоски нема да биде доволна. Владата најави отвореност и транспарентност, сега е шанса тоа да го покаже.

Можете да прочитате

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Филипче: СДСМ нема страв од никакви постапки, секој што го прекршил законот треба да одговара

Д-р Станков: Двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт