Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Цените повторно растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите

Sdsm.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Македонија повторно се соочува со огромен раст на цените и инфлацијата, а Владата реши да ги покачи платите на функционерите. За работниците и граѓаните – повторно нема ништо. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, годишната инфлација во мај 2025 изнесува 3,3%, што е скок во споредба со април, кога беше 2,6%. Дополнително, месечната инфлација од 1,5% е највисока оваа година.


Ова значи едно – животот е сѐ поскап, а власта нема ниту план, ниту капацитет да го заштити стандардот на граѓаните. Но, секако, има добар план да си ги покачува сопствените плати.

СДСМ повеќепати предупредуваше: цените растат и ќе продолжат да растат ако не се преземат мерките кои ги понудивме. Мицкоски се обидува да ги убеди граѓаните дека платите им растеле, но факт е дека единствено растат платите на неговите во Владата и институциите, додека народот едвај преживува.

Оваа влада нема економска визија, нема стратегија и нема емпатија. Оваа влада има само лични интереси и работи само за себе – и за никој друг.

СДСМ бара итна интервенција – конкретни мерки за заштита на стандардот, а не лажни ветувања и манипулации. Граѓаните не може повеќе да бидат жртви на неспособноста и ароганцијата на оваа власт.

Можете да прочитате

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра

Заврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026″ под покровителство на поранешниот Претседател Иванов