Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

СДСМ: Целосен дебакл со откупот на пиперката, ВМРО-ДПМНЕ ги остави земјоделците на цедило

Zemjodelie debakl.jpeg
300x250 opst2

Соопштение на СДСМ:

Со ВМРО-ДПМНЕ и Трипуновски земјоделството повторно е на колена. Откупот на индустриската пиперка-ајварка е целосно застанат, земјоделците се оставени на цедило, со реколта што скапува на нивите.


Владата на ВМРО-ДПМНЕ ветуваше договорена цена од 45 денари за килограм, а денес откупната цена изнесува понижувачки 20 денари.

Половина од годинешната реколта стои на нивите без откуп. Производителите се очајни, не знаат што да прават со родот кој со месеци го произведуваа со трошоци и труд, а државата не презема мерки да им помогне.

Дополнителен удар за земјоделците е фактот што субвенциите за пиперката од минатата година сè уште не се исплатени. Ова е јасен доказ за целосниот хаос и неспособност во земјоделската политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ предупредува дека ова е една од најтешките години за земјоделството, а владата нема ниту план, ниту организација, ниту волја да им помогне на земјоделците. Ако продолжи оваа незаинтересираност, наредната година Македонија ќе се соочи со рекордно ниско производство и со сериозни економски последици.

Лошата организација на откупот и изостанокот на финансиска поддршка кон стратешки извозно ориентираните култури, како што се пиперката, доматот, праската и јаболкото, веќе создаваат големи загуби.

СДСМ бара Владата веднаш да преземе мерки, да воспостави јасна динамика на откуп, да обезбеди дополнителна финансиска поддршка за предадената пиперка и итно да ги исплати заостанатите субвенции.

Можете да прочитате

Кашиковски: Префрлени се средства за исплата на августовската плата за вработените на „Флораком“ и „Луна“

Славески: Од утре плаќањата во евра стануваат поевтини и побрзи

Трендафилов: Минималната плата мора веднаш да се зголеми