Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Целата јавност го осуди насилството над Арсовска, само Мицкоски го одобрува и ги поддржува насилниците

Sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Целата јавност го осуди инцидентот во кој беше извршено насилство врз градоначалничката на Скопје, само Мицкоски го одобрува. Како и во сите досегашни ситуации кога се соочува со критика, Мицкоски ја обвинува СДСМ и креира нови поделби.


Мицкоски со тоа признава дека го одобрува насилството, а можеби и стои директно зад насилниците. Мицкоски е познат по заканите и тоа не би било воопшто чудно. ВМРО-ДПМНЕ јасно порача: секој кој ќе се дрзне да го открие криминалот на оваа Влада ќе се соочи со закана и заплашување.

Се враќа ВМРО-МВРО на голема врата, но Мицкоски треба да знае дека таков систем граѓаните еднаш поразија и ќе го поразат повторно. Нема место за нов режим во нашето општество.

Мицкоски секојдневно го покажува своето авторитарно лице, нешто на кое СДСМ со месеци предупредува. ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога ќе се соочи со критика или со откривање на криминал прибегнува кон репресија, тепање и закани.

СДСМ нема да молчи кога се во прашање слободата, безбедноста и злоупотребите. Никој не смее да живее во страв и никој не смее да се плаши да пријави криминал на власта.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци