Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

СДСМ: Буџетот за 2023 година обезбедува средства за нов раст на минималната плата и ново зголемување на пензиите

Тетовка со туѓа лична карта подигала брзи кредити
Img 7972

Владата предводена од СДСМ го усвои Предлог Буџетот за 2023 кој е прв буџет што е усогласен со новиот Закон за буџети и истиот е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза. Со Буџетот за 2023 година, на дело продолжува грижата за граѓаните и за домашната економија. Тој обезбедува ново зголемување на минималната плата и нов раст на пензиите, за што се предвидени значително повеќе средства споредено со оваа година, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека дополнителни 250 милиони евра се предвидени за продолжување на помошта и поддршката за граѓаните во справувањето со последиците од глобалната економска криза. Со Буџетот за 2023 сериозен фокус се става и на капиталните инвестиции. Капиталните расходи се на ниво од 48,9 милијарди денари или близу 800 милиони евра, наменети за капитални проекти, што е за околу 52,3% повеќе во однос на проекцијата за 2022 година.

Буџетот за 2023 е развоен и е одговор на последиците од кризата. Сите пратеници да го поддржат овој најважен документ за македонската економија, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Трендафилов: Минималната плата мора веднаш да се зголеми

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут