Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата 

Akt 01.jpg

Соопштение на СДСМ:

Реакциите на Томовски за скандалот со семејната фирма која добила 161 тендер (5,3 милиони евра) се епски, како на човек што сака да побегне од сопствената сенка.

Што вели Томовски сублимирано во една речница:

Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата. 

Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени.

Не е време за правдање туку за одговорност!

СДСМ ја повикува ДКСК да покрене истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата на Мицкоски. 

Работата не е завршена!

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Мицкоски и Филипче е небо и земја, не ја научија лекцијата предавана од народот

Од 45 до 500 евра изнесуваат казните преку „Безбеден град“

„Не се дишеше, беше пекол“ ново сведоштво за трагедијата во Кочани