Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Бедните 7% за платите со кои мафта Мицкоски се веќе изедени од покачените цени

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Владата на Мицкоски денеска зборува за „историски договор” за покачување плати од бедни 7% годишно?

Нема 600 евра минимална плата, нема 20% покачување на платите, бедни 7%!


Во исто време Мицкоски во Собрание зборува за покачување на платите во здравството и образованието кои се од времето на СДСМ, поради законски усогласувања.

Ова е „историско” поигрување Мицкоски со работниците, докторите, медицинските лица и наставниците.

Колку е ова „историско” зголемување ќе покаже историскиот раст на цените во маркетите, со оглед дека Владата не презеде ништо и не спроведе никакви мерки.

Просечната плата во администрацијата е околу 40.000 денари. Со зголемување од 7% тоа се едвај 3.000 денари.

Само во изминатиот месец потрошувачката кошничка поскапе за 2.500 денари.

Струјата поскапе за 3%. Цената на нафтените деривати не се стабилизира туку се покачи за 34%, што значи сите прехранбени производи ќе продолжат да поскапуваат. 

Толку од „историското” зголемување на платите. Работниците се во минус. Нема да им стигне платата сосе поачувањето ниту до 15 ти во месецот.

Како велеше Мицкоски, „колку работат, толку им се платите”.

Е па, такво е и зголемувањето. Не мора да јадат цел леб, може и по пола и нека не одат на одмор. Тоа го мисли Мицкоски за работниците, додека шета со часовници од 60.000 евра, вредни 150 минимални плати.

Центар за комуникации, СДСМ

Можете да прочитате

Петмина уапсени за лажните дојави за поставени бомби во Тетово

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат 

Мицкоски: Во услови на криза и наследени проблеми имаме највисок раст на БДП во регионот и гледано просечно по квартали тој е два пати подобар од времето на СДСМ и ДУИ