Утрински Весник
Економија

СДСМ: Баш му е гајле за народот, Мицкоски е и против намалување на цените

(Видео) Мицкоски: Сомнително е зошто нема производство на евтина струја во Осломеј и Битола туку  се произведува во ТЕЦ Неготино за поскапа цена

На Христијан Мицкоски баш му е гајле за граѓаните, не сака семејствата месечно да заштедуваат пари со помалите сметки за пазарење, соопштија од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Тој е единствениот кој е против намалување на цените на производите. ВМРО-ДПМНЕ сака само да зема од џебот на граѓаните, сака народот да биде сиромашен, работниците да бидат евтина работна сила. Затоа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во секоја општина зголемуваат цени на комунални услуги и ги задолжуваат граѓаните“ обвинија од владејачката партија.

Оттаму додаваат дека додека ВМРО-ДПМНе е заглавено во истата криминална матрица, СДСМ се грижи за граѓаните и го заштитува нивниот стандард со намалување на цените и покачување на платите и на пензиите.

Можете да прочитате

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра