
Интегрален текст од прес-конференција на Даниела Николова, пратеничка на СДСМ
Почитувани претставници на медиумите,
Предлог Концепција за гимназиско образование изработена од страна на Министерството за образование и наука и БРО, наиде на бурни реакции од стручната фела и јавноста воопшто. Сепак министерката Јаневска не отстапува од својата намера да ја брани.
Покрај големиот број недоследнисти, во Концепцијата се предвидува и укинување на предметите логика, етика и педагогија, а наставните предмети филозофија и социлогија стануваат изборни предмети. Со тоа се укинува главната цел на образованието, а тоа е дека „Образованието треба да ги поттикне младите да мислат, да создаваат, да истражуваат – а не само да прифаќаат готови и наметнати идеи”
Отрука, согласно член 129 од Деловникот за работа на Собранието на Република Северна Македонија, кој предвидува дека работните тела можат да организираат јавни расправи за прашања од нивна надлежност, ја повикуваме претседателката на Комисијата за образование и наука, како и пратениците, членови на оваа Комисија, да дадат поддршка во однос на нашето јавно барање за свикување јавна расправа по ова прашање.
Кога министерката Јаневска неразумно се однесува кон наставниците, професорите и стручната фела, кои регираа, ова е неопходно, а е со цел да се обезбеди транспарентност и инклузивност во процесот на донесување одлуки кои директно влијаат на иднината на нашите млади генерации.
Нашата визија е да се вклучат сите релевантни чинители во процесот на креирање на образовните политики, преку отворена и конструктивна дебата.
Колегите пратеници во изминатиот период ги видоа во јавноста сериозните реакции од стручната фела, наставниот кадар и пошироката јавност, кои ја сметаат Концепцијата за несоодветна и штетна за иднината на нашите ученици и образовниот систем во целина.
Во јавноста министерката Весна Јаневска постојано зборува за јавна дебата, а всушност станува збор за објава на концепцијата на веб страницата на БРО, каде има можност да се даде само писмена забелешка. Засега нема никаква конкретна насока за дискусија или прифаќање на мислењата од стручната фела, што е недозволиво и несериозно. На сила и без чувство за одговорност министерката влегува во јавен конфликт со професори, наставници, па дури и со факултети. Навистина срамно!
Затоа ги повикуваме пратениците членови на Комисијата за образование и наука да ја поддржат оваа наша јавно искажана иницијатива и во најкус можен рок да донесеме одлука за свикување на јавна расправа во Собранието, со цел да се слушнат мислењата на сите засегнати страни и да се донесе најдобрата одлука за иднината на гимназиското образование во нашата држава.