Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ бара посебна седница на Советот на Град Скопје поради јaвните претпријатија

Расправија и тепачка во автобус на ЈСП поради билет
300x250 opst2

СДСМ бара посебна седница на Советот на Град Скопје за хаосот, за состојбата во јавните претпријатија, изјави на прес-конференција, Никола Белимов, член на ГО СДСМ Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека за само една година, ВМРО-ДПМНЕ во Скопје предизвикале целосен колапс на градот и јавните претпријатија под негова надлежност.

„Поради рацете во медот, поради бизнис интереси граѓаните на Скопје остануваат без основните функции. Два дена Скопје беше без јавен автобуски превоз поради штрајкот на вработените во ЈСП. Никогаш ова се нема случено. Иако вработените ја добија платата, останаа неодговорени прашањата за милионските долгови што ЈСП ги има направено во последната година. Ситуацијата не е добра ниту во другите јавни претпријатија како Улици и патишта и Паркови и зеленило, каде една година управува ВМРО ДПМНЕ. Сето ова е поради неспособноста на градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска“, рече Белимов.

СДСМ очекува од ВМРО ДПМНЕ кое има мнозинство во Советот и Трајко Славевски како претседавач, да закаже наменска седница.

 

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка