Утрински Весник
Македонија

СДСМ бара одговорност по скандалите во ЈПДП и злоупотребата на патарините

Patarina.webp.webp

Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба на институциите, соопштуваат од СДСМ.

Но скандалот е уште поголем затоа што кадарот на Коце и ДПМНЕ, Митревски не плаќа патарини.
За ова говорат снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи, како и електронската евиденција на патарините кои целосно потврдуваат дека Митревски кога проаѓа со возилото на патарина не плаќа патарина откако е назначен.
СДСМ бара одговорност по скандалите во ЈПДП и злоупотребата на патарините.

„ДПМНЕ ја враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба на институциите како до 2016 година. Но, скандалот во ЈПДП е уште поголем затоа што за Митревски не важат прописите и законите. Снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи покажуваат дека Митревски не плаќа патарини. Ова е апсолутно недозволиво. Народот да плаќа, додека за партиските шерифи на Мицкоски и Трајановски да не важат закони и прописи и да прават што сакаат. Ова е типичен пример на партиска злоупотреба на институциите и јавните ресурси. И овие скандали се случуваат во исто време кога МВР поднесе 18 кривични пријави за неплаќање патарина, за 12 полицајци и за 6 вработени во патарините. Тошковски и МВР треба да одговорат зошто Митревски не е сакнциониран? Зошто за него нема кривична пријава? МВР има селективен пристап или за него не важат законите затоа што е кадар на ДПМНЕ? СДСМ бара итна разрешница на овој скандал и одговорност. Коце Трајановски треба веднаш да го разреши Миланчо Митревски од функцијата шеф на контрола на Наплатна служба. МВР и Тошковски веднаш да реагираат, да преземат мерки сите надлежните институции за соодветна одговорност. Не може да има двојни стандарди во владеењето – еден за народот и друг за партиските шерифи на ДПМНЕ“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Можете да прочитате

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана

Мицкоски: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари