Утрински Весник
Македонија

СДСМ бара 20% зголемување на платите на полицајците

Pres Oliver Spasovski.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Оливер Спасовски, пратеник од СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, 

Предлог Буџетот за 2025 година на Владата на Мицкоски покажува дека планираат само да ги задолжуваат граѓаните без да ја развиваат економијата и без да ги покачуваат платите.

Погрешни и би рекол погубни се овие политики кои се преточени во Буџетот. Тоа ќе значи уште една загубена година за економијата, за граѓаните и за полицајците.

Власта предлага зголемување на буџетот за МВР но не планира зголемување на платите на полицајците.

Или на пример, се предлага зголемување на буџетот за набавка на владини возила за дури 75% а нема план за модернизација и современи системи за подобрување на безбедноста на граѓаните. 

Гледајќи ги криминалните пресметки кои секојдневно се случуваат на улиците, како вчерашниот случај со бомба во Керамидница, е силен показател: колку криминалните групи земале сила по смената на власта но и колку е важна улогата на МВР за безбедноста на граѓаните.

Затоа СДСМ, поднесе над 200 амандмани на Буџетот за 2025 година од кои во делот на МВР поднесовме неколку многу важни амандмани.

Прво, поднесовме амандман за зголемување на платите на полицајците за 20%. 

За полицијата да биде вистински сервис во едно демократско општество, мора да имаме и мотивирани полицајци. Таа цел со овој амандман целосно се исполнува. 

Полицајците се клучна алка за безбедност и сигурност на граѓаните, чувари на редот и мирот. Тие се секогаш во првите редови подготвени да го ризикуваат својот живот за државата и за сите граѓани.

Во изминатите години СДСМ силно инвестираше и во подобрување на животниот стандард на граѓаните и на модернизација и подобрување на условите за работа.

17 милиони евра инвестиравме за реконстуркција и обнова на 80 објекти, и уште 2 кои се во тек и тоа се МТВ управни слижби Скопје и Центарот за Обука во Идризово, а во тек е изградба и на новата полициска станица воАеродром. 

14 милиони евра вложивме за нови униформи и материјално технички средства за полицајците.

Стратешки важни објекти ги завршивме целосно, како на пример, Центарот за електронски податоци во Прилеп и Форензичката лабораторијата.

За жал не гледаме дека власта сака да продолжи да го развива капацитетот на МВР ниту да го модернизира, туку да го партизира и да го злоупотребува во партиски цели. 

Ветуваа гордост но денеска полицајците се понижени и деградирани. 

Неспособноста на власта ја загрозува безбедноста на граѓаните, што го гледаме во изминатиот период. Над 25 вооружени инциденти се случија само за неколку месеци.

Затоа, освен за платите СДСМ има амандман и за набавка на нови современи технички средства:

Можете да прочитате

Водата за пиење во Тетово со невообичаен вкус и мирис, но нема опасност по луѓето

Николоски на средба со ЗЕЛС: Овозможивме поедноставена постапка за градење на училишта градинки, амбуланти болници и катни гаражи кои се во 100 проценти сопственост на општини и државата

Малата Теодора има потреба од нас: Го изгуби слухот и потребна и е операција