Утрински Весник
Македонија
Img 7972

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација

Sdsm Sdsm.jpeg
Img 7972


Соопштение на СДСМ:

Изјавите на Мицкоски за „деполитизирана и професионална администрација” се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада. Ова е уште еден апсурден обид да се прикаже лажна реалност додека граѓаните сведочат за невидена партизација и злоупотреба на јавната администрација.

Денес, администрацијата е претворена акционерско друштво за вработување на партиските кадри. Наместо компетентни и професионални кадри за шест месеци Мицкоски ги деградираше професионалците и постави луѓе без никакви компетенции и знаења, а од квалификации поседуваат само партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ.

Досега видовме систематско прекршување на процедурите, поставување на три заменици директори во Царина, поставување на директор на АНБ спротивно на законот, поставување на раководители без соодветни квалификации. Јавната администрација стана заробеник на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните се оставени да се борат со бавни услуги, хаос и нефункционалност.

Како може Владата, која отворено игнорира закони и критериуми за назначување кадри, да ветува „вреднување на трудот”?

Мицкоски треба да престане со манипулациите и партизирањето. Јавната администрација мора да биде сервис за граѓаните, а не алатка за партиски интереси. Наместо празни зборови на конференции, потребни се конкретни дела: итна департизација, санкции за корумпираните функционери и воспоставување јасни и транспарентни критериуми за вработување и напредување во администрацијата.

Граѓаните заслужуваат ефикасна, професионална и независна администрација. Во лагите на Мицкоски не верува никој.

Можете да прочитате

Сабри Азири му се обрати на Бујар Османи: Како може да го бараш гласот на граѓаните на Чаир кога никогаш не им попобара прошка на семејствата од Скопје што беа прогласени за ‘монструми’?

Вилма Русковска: Боки 13 ги однел парите од „Рекет“ дома, а наводните пораки од неговиот телефон се лажни

Аеродром: Едно лице натепало баба во продавница