Утрински Весник
Економија

СДСМ: Антикризните мерки вредни 760 милиони евра дадоа резултат

СДСМ: Антикризните мерки вредни 760 милиони евра дадоа резултат

Како одговор на последиците од светскта енергетска и економска криза, Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски креираа и реализираа два пакети мерки за помош вредни над 760 милиони евра. Само со последниот пакет мерки опфатени се околу 200.000 граѓани со ниски примања, кои четири месеци ќе добиваат финансиска помош за полесно надминување на последиците од кризата. Преку пакетите мерки им се помага и на останатите граѓани, како и на компаниите со цел да ја одржат стабилноста и да ги задржат вработените,се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека мерките на Владата даваат резултат, им се помага на стотици илјади граѓани, се спасија илјадници работни места.

Грижата за граѓаните и компаниите продолжува се до траење на кризата, за таа цел во Буџетот за 2023 обезбедени се дополнителни 250 милиони евра за нови мерки, а обезбедени се и средства за нов раст на минималната плата и пензиите.

СДСМ останува на страната на граѓаните, грижата за сите продолжува, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат

СДСМ најавува седумчасовен работен ден во три сектори од 2025

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден