Утрински Весник
Македонија

СДСМ : Јаневска да се вразуми и да ја повлече штетната Концепција за гимназиско образование

Janevska.webp.webp

Интегрален текст од соопштение на СДСМ :

Предложената Концепција за гимназиско образование на министерката Јаневска е на директна штета на учениците, наставниот кадар и иднината на образовниот систем.


Јавноста, учениците, професорите и стручната фела со право реагира и недвосмислено нагласуваат дека предложената Концепција за гимназиско образование е несоодветена и неприфатлива. 

Иако се најавува како реформа во суштина е катастрофално лоша и ја загрозува суштината на еден воспитно-образовен процес. 

Концепцијата ги маргинализира основните општествено-хуманистички дисциплини како Филозофија, Социологија, Логика и Етика, кои се клучни за развојот на критичката мисла и интелектуалните способности на учениците.

Наместо модернизација и унапредување на образованието, предложените реформи ја загрозуваат неговата суштина. Укинувањето или маргинализацијата на овие предмети значи дека ќе продуцираме генерации на ученици кои нема да знаат како да размислуваат критички и рационално.

Дополнително, неприфатливо е да се сведува етиката на „пример од личното однесување на наставниците”. Ова укажува на крајно несериозен пристап кон научната мисла на етиката, логиката и другите дисциплини кои ги едуцираат младите да бидат одговорни и слободоумни личности.

Ја повикуваме министерката Јаневска, веднаш да ја повлече предложената Концепција и итно да отворат јавна дебата.

Да ги вклучат мислењата и анализите на стручната фела, професорите, учениците и експертите.

Реформите да се темелат на детални и транспарентни анализи, а не на онлајн анкети.

Образованието мора да ги подготвува младите за справување со комплексноста на современиот свет, да ги поттикнува да размислуваат критички и да бидат морално храбри личности. Само преку квалитетно образование ќе создадеме генерации кои ќе бидат столб на едно понапредно и праведно општество.

Можете да прочитате

Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог

За една недела, нови 1.878 случаи на грип

Со посебен закон ќе се спречува изградба на катна гаража зад Собранието, вели Гаши