Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

1727553076 Sdsm.jpeg
Dik 300x250 mk

Одлуката на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да стават буквално крај на преговорите со ЕУ и да ја дотераат земјата во политички ќорсокак е најголемиот успех на оваа Влада во првите 100 дена. Од земја со јасна перспектива напред, јасен план за развој и раст на секое поле во рамки на ЕУ, Мицкоски реши да ја затвори и изолира уништувајќи ја надежта дека тука ќе се живее подобро, велат од СДСМ.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат право ова го да го прават ниту имаат мандат да ги прекинуваат преговорите. Пострашно од се е што Мицкоски нема план, нема стратегија како оваа држава ќе се развива. Мицкоски ја носи државата во огромен ризик од идни нови блокади, ги билатерализира повторно споровите кои беа решени и намерно ја заглавува Македонија подлабоко во балканската кал. За жал, Албанија наскоро ќе биде запад за нас. Одвојувањето со Албанија исто така носи огромни ризици и непозната и непредвидлива иднина на државата. Со оваа одлука на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може само да очекуваме уште повеќе иселување, економска стагнација и целосен застој во целокупниот развој на државата“, тврдат од партијата.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош