
Соопштение за јавност на СДСМ:
Антикорупцискиот тим на СДСМ внимателно го следи постапувањето на институциите. Случајот за којшто е покренато обвинение против „Марковски компани”, сопственикот на оваа компанија и други лица мора до крај да биде расчистен и секој што го прекршил законот да одговара.
АКТ силно ги поддржува акциите против криминалот и корупцијата кои се транспарентни, издржани и поткрепени со докази.
Но, јавно предупредуваме дека досега, Обвинителството, ДКСК, Финансиската полиција немаат преземено ништо за објавените скандал и поднесените пријави за криминал и корупција од страна на АКТ на СДСМ.
161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за друга фира со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендери од Пошта и многу други чекаат институционална реакција и одговорност.
Јавното обвинителство да не ги штити функционерите на власта, туку да отвори предмети и да постапува согласно законите и доказите.
Секој што се прекршил законот мора да понесе одговорност!
СДСМ ја продолжува борбата за правда, против криминалот и корупцијата.
Работата не е завршена.



