Утрински Весник
Скопје

СДСМ Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

12345.jpg

По неколку години Општина Аеродром ја укина програмата за бесплатно пливање за учениците од прво одделение и учениците со попреченост од прво до трето одделение. На последната седница на Советот на Општина Аеродром со одлука беа скратени средствата кои беа наменети за проектот „Учиме да пливаме”. Воведен пред неколку години, овој проект претставуваше едно од малкуте реализирани ветувања на Тимчо Муцунски. 

Проектот „Учиме да пливаме” имаше за цел да им помогне на семејствата со деца во прво одделение и деца со попреченост, преку покривање на трошоците за часови пливање, опрема, превоз и обука од сертифицирани едукатори, да придонесе кон правилниот психо-физички развој на овие деца.

Пред само 4 години, кога СДСМ управуваше со локалната самоуправа, Аеродром беше првата општина во државата што го воведе проектот за интегрирано пливање на децата со попреченост од основните училишта. Проектот во тоа време ги опфаќаше учениците од прво до трето одделение. 

Благодарение на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и в.д. градоначалникот Дејан Митески, не само што не се реализираат ветените проекти од нивната програма, туку се укинуваат и добри практики од минатото. 

Јавно го прашуваме в.д. градоначалникот Митески, дали причината за укинувањето на бесплатното пливање е лошата финансиска кондиција на општинскиот буџет?

Останаа нереализирани и ветувањата за спортска субвенција за млади во износ од 600 денари и стипендиите за млади таленти во износ од 30.000 денари. Повеќе од очигледно е дека ниту Муцунски, ниту Митески немаат никаков план за иднината на најмладите од општина Аеродром. 

Можете да прочитате

Приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај, но не во целост

Нафтата што ја доби ЈСП ќе биде доволна за 2 недели, но нема трајно да го реши проблемот, вели Мицкоски

Граѓаните пробаа да влезат кај Данела, откако таа не излезе на протестот