Утрински Весник
Македонија

СДСМ: 20 дена Тошковски не знае каде е Груби, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Артан Груби врз СДСМ. 


Фактите се јасни: Тошковски дозволи Груби да избега и сега цели 20 дена истиот тој Тошковски не знае каде се наоѓа Губи. 

Откако „случајно” не работеле камерите, „случајно” полицајците не знаеле кого треба да проверуваат и „случајно” службеникот на границата, инаку кадар на Тошковски, направил „грешка” затоа што бил „возбуден” од Груби.

Џабе се препелка сега ДПМНЕ, тие го пуштија Груби да избега и целата одговорност е кај власта.

Границата со Косово, откако стана канал за бегање на криминалците. Блерим Рамадани избега, Гаши безбедно се шеташе, а сега мистериозно исчезна и Груби.

Јавноста има право да знае кој е политичкиот договор и која е цената за овој скандал.

Можете да прочитате

МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора во ова тешко време

Заменик директорот на „Македонија пат“ убива мечка и позира со неа, Анима Мунди бара кривична одговорност и разрешување

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во текот на утрешната ноќ снежен бран во северозападните и западните предели од Македонија!