Утрински Весник
Македонија

СДС да ја прашаат Арсовска за банкротот на Скопје, јавно им ја честитаме коалицијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска ќе остави без егзистенција 100 вработени од „Водовод“

СДС да ја прашаат Арсовска за банкротот на Скопје или на средбите со неа или кога и ги гласаат финансиските планови, ако им е непријатно да соопштат, еве јавно им ја честитаме коалицијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Би сакале да дадеме точен одговор на дилемите на СДС дадени во денешното утринско соопштение со наслов „ВМРО-ДПМНЕ да каже каде се парите во Град Скопје поради банкротот на градот” но не можеме да им помогнеме бидејќи ВМРО -ДПМНЕ нема никаква власт во градот Скопје“, се истакнува во соопштението до опозициската партија.

Ги повикуваат СДС ова прашање да го постават на една од многу средби на Данела Арсовска која, како што истакнуваат, ги има во просториите на Владата, или пак пред седниците на Совет кога здружно СДС, Левица, ДУИ и ГРОМ ги гласаат финансиските програми на Данела Арсовска.

Со ваквите соопштенија, како што оценуваат, СДС единствено ја брани неспособноста на Данела Арсовска. „Ако им е непријатно јавно да соопштат еве ќе им помогнеме и ќе им ја честитаме и јавно коалицијата Арсовска СДС. Нека им е аирлија и нека им се посреќи“, стои во напишаното од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Ковачевски: Нечија агенда стои зад вчерашните случувања на северот на Косово

Тренчевска: Ќе се залагаме за еднаков пристап на лицата со попреченост во сите населени места во државата

Петровска за Косово: Време е политичките лидери да носат мудри одлуки, ја следиме состојбата, граѓаните се безбедни