Утрински Весник
Магазин

Сценариото на Харисон Форд од „Војна на ѕвездите“ продадено за околу 12.500 евра: Го пронашла брачна двојка во стан

14a37ea0 01de 11ed B7e7 2ea51d747d0d.jpg

Сценариото за филмот „Војна на ѕвездите“, кое актерот Харисон Форд го остави во својот стан во Лондон, беше продадено на аукција за 10.795 фунти (околу 12.500 евра) на колекционер од Австралија.

Сценариото е нецелосно, со страници во различни бои кои укажуваат на ревизии и вклучува сцени и ликови кои се исечени од финалната верзија на филмот.

Ја пронашла брачна двојка која за време на снимањето му изнајмила стан на Харисон Форд, пишува Гардијан.

Предметите биле криени 50 години во приватна куќа во Нотинг Хил, Лондон, а горните два ката биле изнајмени на Форд.

Покрај сценариото, Форд оставил зад себе и други предмети, вклучувајќи распоред за снимање, листа за повици и збирка белешки, кои беа продадени како пакет на купувач од Велика Британија за околу 5.600 евра.

Форд го толкуваше ликот на Хан Соло во научно-фантастичниот филм на Џорџ Лукас од 1977 година. Тој исто така глумеше во продолженијата на оригиналниот филм, Империјата го возвраќа ударот (1980) и Враќањето на Џедајот (1983), а се појави и во седмиот дел од серијата, Силата се буди, од 2015 година.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста