Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Сцена од „Титаник“ е толку лажна што стана вирална

Сцена од „Титаник“ е толку лажна што стана вирална
Dik 300x250 mk

Култниот филм „Титаник“ од 1997 година е еден од најуспешните филмови на сите времиња, а една од сцените стана хит на социјалните мрежи иако од погрешни причини.

dobivaj vesti na viber

Тиктокерката @jessveraaa објави вирално видео со сцена од филмот, која е толку лажна што ја насмеа до солзи исто како и многу други.

„Го гледав ‘Титаник’ милион пати и дури сега, кога лежам дома болна, сфатив колку е лажна сценава“, напиша тиктокерката забележувајќи голем пропуст во продукцијата.

Станува збор за сцената набргу по испловувањето на „Титаник“. Камерата се движи преку бродот за да ги покаже патниците на палубата пред да се фокусира на капетанот.

Режисерот Џејмс Камерон користеше CGI-слики за оваа сцена, како и многу други, кои можеби изгледаа одлично во тоа време, но од денешна перспектива, во светот на специјалните ефекти, кои изгледаат совршено реалистични, сцената станува навистина смешна.

Видеото собра 15,5 милиони прегледи, а многумина се согласија со неа во коментарите.

„Верувај ми, не го забележавме ова во тоа време бидејќи филмот беше врв на технологијата“. Со оглед на тоа дека е направено во доцните 90-ти, ова е прилично пристојно CGI“, „Ова е Sims Titanic, верзија 1.0“, беа некои од коментарите.

 

Можете да прочитате

Пет хороскопски знаци ќе имаат неверојатен успех во кариерата во 2026 година

„Ветуваме дека ќе продолжиме таму каде што тој застана“: Второто семејство на Панчо, Sure Shotz, порача дека ќе ја продолжи неговата мисија!

Пирето од компири ќе има подобар вкус ако додадете оваа состојка во него