Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт, го објави списокот на репрезентативците што ќе патуваат на Светското првенство во Катар.
Име по име на речиси едночасовната прес-конференција, Саутгејт наведе на кого смета за третиот голем турнир, на кој ќе ја води Англија.
Спискот на Саутгејт изгледа вака:
Голмани: Џордан Пикфорд, Ник Поуп, Арон Рамсдејл
Дефанзивци: Трент Александар-Арнолд, Конор Коди, Ерик Даер, Хари Мегваер, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипиер, Кајл Вокер, Бен Вајт
Среден ред: Џуд Билингем, Мејсон Маунт, Калвин Филипс, Деклан Рајс, Џејмс Медисон, Џордан Хендерсон, Конор Галагер
Напад: Маркус Рашфорд, Фил Фоден, Џек Грилиш, Хари Кејн, Букајо Сака, Рахим Стерлинг, Калум Вилсон.
На спискот немаше место за Џо Гомез, Џерод Боуен, Ајван Тони, Џејмс Вард-Проус, Фикајо Тимори, Теми Абрахам…
На претходното Светско првенство, што се одржа во Русија во 2018 година, Англија беше поразена од Хрватска во полуфиналето, а потоа беше поразена од Белгија во мечот за третото место.
Англија на СП е во групата Б, во која се и Иран, Велс и Соединетите Американски Држави. Првиот натпревар избраниците на Саутгејт ќе го одиграат на 21 ноември против Иран.