Утрински Весник
Свет

Саудискиот принц престолонаследник: Израел сака да ги вовлече САД во конфликтот со Иран

20250615100142 big 730x400 91.webp.webp

Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, во телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјавил дека, според проценките на Ријад, Израел се обидува да го продлабочи конфликтот со Иран со цел да ги вовлече САД во војна, јави иранската новинска агенција ИРНА.

– Убеден сум дека Иран ќе постапи разумно и ќе ја осуети целта на Израел, рекол бин Салман. Тој додал дека „денес целиот исламски свет едногласно ви дава поддршка“, обраќајќи се до иранскиот претседател.


Пезешкијан, пак, истакнал дека од моментот на преземањето на функцијата работи на зајакнување на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот, но дека Израел секогаш се обидувал да ги поткопа неговите напори кога биле блиску до успех.

– Се надевам дека Иран и Саудиска Арабија ќе можат да соработуваат за воспоставување смиреност и стабилност во регионот, изјавил Пезешкијан.

Во изминатите два дена Израел изврши напади врз иранска територија, вклучувајќи противракетни системи, нуклеарни објекти и цели на високи ирански воени структури. Иран возврати со ракетни напади врз Тел Авив и Ерусалим.

Можете да прочитате

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Израелците погодиле ирански Боинг од оддалеченост од 2250 километри

Иран побара од Ирак да го затвори воздушниот простор за воените авиони на Израел