Утрински Весник
Спорт

Саудијците нудат 900 милиони евра за купување на Рома

Италијанскиот весник Ла Република објави дека Фондот за јавни инвестиции (ПИФ) на Саудиска Арабија е заинтересиран за купување на Рома.

Дополнително, тие наведуваат дека веќе се одржани неколку средби со актуелните сопственици на Рома, предводени од претседателот на гигантите, Ден Фридкин.

Американскиот претприемач нема ништо против продажбата, бидејќи во Италија не е тајна дека му здосади да ја води Рома и дека со задоволство би ја продал.

Зад се стои споменатиот Фонд за јавни инвестиции, кој е под контрола на државата, односно на престолонаследникот Мохамед бин Салман, кој фудбалот го гледа како можност да ја промовира Саудиска Арабија и да ја отвори пред светот.

ПИФ веќе е сопственик на англискиот Њукасл и четирите најголеми саудиски клубови: Ал-Итихад, Ал-Хилал, Ал-Наср и Ал-Ахли.

Сумата што Саудијците им ја понудија на Американците за продажба на Рома е 900 милиони евра. Сметаат дека ова е доволна сума на пари која би можела да ги задоволи челниците на Групацијата Фридкин, која поседува 95,97 отсто од акциите на римскиот клуб.

Да додадеме дека Рома моментално е на петтото место во Серија А, далеку од каква било борба за Скудето. Неодамна на клупата пристигна легендарниот Даниеле Де Роси, кој до крајот на сезоната ќе се обиде да стигне до Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

Роналдо за непристоен потег два меч се сели на трибините

Роденденска победа со историски трипл -дабл за Дончиќ

Исланѓанецот Сигурдсон нов тренер на хрватските ракометари