Утрински Весник
Македонија

Саранда Имери е избрана за претседателка на Форумот на жените на Демократското движење

474991610 1141189577386292 2751182481076795084 N.jpg

Демократското Движење го формираше Форумот на жените, значаен чекор кон зајакнување на улогата на жените како во политиката, така и во општеството. На чело на овој форум е избрана пратеничката Саранда Имери, докажана лидерка и достојна претставничка на визијата на Демократското Движење за еднаквост и напредок.

За Демократското Движење, според претседателот на партијата, Изет Меџити, жената претставува темел на градењето на инклузивна и прогресивна политика.


Формирањето на Форумот на жената, како што изјави Меџити, има за цел да создаде платформа која ќе го засили гласот и ќе го унапреди придонесот на жените во процесите на одлучување, инспирирајќи ги младите генерации кон лидерство.

„Претставувањето на жените во оваа партија го отсликува нејзиниот ангажман за еднаквост и зајакнување: трите пратенички на Демократското Движење во Собранието се жени, што претставува уникатен пример во домашната политика. Исто така, жени раководат и со клучни државни позиции како заменик-министерот и портпаролот на Владата”, изјави претседателот на Демократското Движење, Изет Меџити.

Форумот на жените на Демократското Движење е доказ за непоколебливата посветеност на ова Движење да создаде простори каде што жените можат да водат, да придонесуваат и да носат одржливи промени.

„Затоа што таму каде што жената е зајакната, иднината е изградена”, заклучи Меџити.

Можете да прочитате

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: Во среда и четврток (29 и 30 јануари) од запад влажен бран ќе ја зафати Македонија!

Клековски: „8 Септември“, Штип, Битола и Тетово или ќе третираат и со биолошка терапија или нема потреба од онколошки одделенија што не работат

Вработен во ЈП вршел наплата во домови низ тетовско – парите наместо на благајна, си ги ставал во џеб