Утрински Весник
Магазин

Sarah Mace & The Girlzz ја отворија празничната сезона со магичен концерт во Битола 

Dsc 6986.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со силна емоција, препознатлив вокален израз и празнична атмосфера, Sarah Mace & The Girlzz синоќа го одржаа првиот концерт во рамките на декемврискиот музички караван „Нека трепка“, настапувајќи пред бројна публика во Битола, во рамки на манифестацијата „Зимска приказна“.

Сара Мејс, заедно со Ана Петановска, Калина Велковска – Кали и Теа Богатинова,  во придружба на Божиќниот оркестар под диригентската палка на Иван Еминовиќ, на битолската публика ѝ приредија топло и внимателно осмислено музичко доживување, исполнето со празнични аранжмани, авторска музика и моменти на искрена интеракција. Концертот беше одлично прифатен, а публиката со аплаузи ја следеше секоја изведба, создавајќи посебна, интимна атмосфера во срцето на градот.

Настапот во Битола го означи почетокот на серијата концерти што продолжуваат на 28 декември во Домот на културата во Штип (почеток 19 часот), на 29 декември со големиот предновогодишен концерт во Македонска филхармонија во Скопје (почеток 20 часот), а ќе завршат на 30 декември во Крива Паланка.  Билетите за централниот скопски концерт во Филхармонија можат да се набават на следниот линк – https://mktickets.mk/event/sarah-mace-and-the-girlzz/.

Со концертот во Битола, Sarah Mace & The Girlzz уште еднаш потврдија дека нивниот празничен музички концепт успешно ја спојува современата музика со духот на сезоната, носејќи светлина, топлина и радост во пресрет на Новата година. Музичкото патување „Нека трепка“ продолжува, најавувајќи уште неколку вечери исполнети со празнична магија.

Можете да прочитате

Како правилно да го мерите крвниот притисок и зошто е важно

Чудотворни ефекти на топлата вода: Како секојдневното пиење може да го подобри вашето здравје

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето