Утрински Весник
Свет

Сараево: Милановиќ не е добредојден во БиХ

Сараево: Милановиќ  не е добредојден во БиХ

Градот Сараево објави декларација во која ги осудува изјавите на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Во него пишува дека тој не треба да доаѓа во Сараево додека не го промени однесувањето кон Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Градот Сараево ги осуди изјавите на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кои се однесуваат на Босна и Херцеговина. Тие го објавија целиот документ во кој наведуваат дека изјавите на Милановиќ се неразумни и штетни за односите на две пријателски земји.

„Однесувањето на господинот Милановиќ не е ниту државнички, ниту доликува на претседател на европска земја. Ние ја изразуваме нашата почит кон чесната и одговорна функција на претседателот на Република Хрватска, но не можеме да ја изразиме таа почит кон Милановиќ, поради неговите навредливи и недипломатски изјави кон Босна и Херцеговина“, се вели во дел од документот, а пренесува „Кликс“.

Дополнително, наведуваат дека изјавите на Милановиќ нема да донесат ништо добро ниту за Хрватска ниту за БиХ, ниту на кој било начин ќе придонесат за регионалната стабилност и соработка.

„Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, е отворен за сите луѓе со добра волја, но не и за оние кои навредуваат и прават штета. Затоа го повикуваме Милановиќ да го промени навредливото однесување кон Босна и Херцеговина. Дотогаш нека не доаѓа во Сараево, главниот град на БиХ, бидејќи нема да биде добредојден. Се надеваме дека Милановиќ ќе се вразуми и ќе го промени своето однесување“, се вели во Декларацијата, која Градскиот совет допрва треба да ја усвои.

На крајот беше констатирано дека сите ќе бидат информирани за ставот на Град Сараево.

Можете да прочитате

Турција е подготвена да го надгледува потенцијалното примирје во Украина

Путин на средба со Абас: Одржливо решение за палестинско-израелскиот конфликт е можно врз основа на принципот на две држави

Папата Лав ненајавено отиде на патување надвор од Ватикан