Утрински Весник
Свет

Сандерс: Израел врши „етничко чистење“ во Газа

20241203075633 Big 730x400 43.webp.webp

Американскиот сенатор Берни Сандерс изјави дека владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху врши „воени злосторства“ и „етничко чистење“ во Газа.

„Не се борите против тероризмот со гладување луѓе и убивање десетици илјади цивили“, нагласи Сандерс (82) во објавата на „X“, јави Ал Џезира.

Сандерс се согласи со Моше Јаалон, министер за одбрана на Нетанјаху од 2013 до 2016 година, кој во неделата го обвини Израел за воени злосторства и етничко чистење во Газа.

Можете да прочитате

Јужнокорејските опозициски партии поднесоа предлог-закон за импичмент на претседателот

Северна Кореја засега молчи за политичките превирања во Јужна Кореја

Поранешниот претседател на Јужна Кореја: Земјата е во криза