Утрински Весник
Спорт

Санчо отстранет од првиот тим на Манчестер jунајтед

Санчо отстранет од првиот тим на Манчестер jунајтед

Англискиот фудбалски репрезентативец и играч на Манчестер јунајтед Џејдон Санчо (23) е отстранет од првиот тим по конфликтот со тренерот Ерик тен Хаг. Санчо ќе тренира одвоено од останатиот дел од тимот додека не се реши ситуацијата со него и тренерот, соопштија од клубот.

dobivaj vesti na viber

Тен Хег го изостави Санчо од составот за натпреварот против Арсенал, кој се одигра претходно во септември. Холандскиот тренер објасни дека Санчо бил под вообичаеното ниво на тренинзите. Крилниот напаѓач потоа изјави дека тоа не е вистина и дека тој всушност долго време бил „жртвено јагне“.

Манчестер јунајтед го донесе Санчо од Борусија Дортмунд во 2021 година во трансфер вреден 85 милиони евра, но тој не ги оправда очекувањата. За две години одигра 58 натпревари во Премиер лигата, постигна девет гола со шест асистенции. Минатата сезона беше надвор од терените три месеци бидејќи работеше на менталното здравје.

Тен Хаг има проблеми со крилните играчи. Бразилецот Антони беше обвинет за физичко насилство врз поранешната девојка, поради што е отстранет од првиот тим.

Можете да прочитате

Надал за првпат елиминиран во првото коло на Ролан Гарос

Конте станува најплатениот тренер во Серија А

Синер ја помина првата пречка на Ролан Гарос