Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Санчез: Шпанија и Ирска побараа од ЕУ да провери колку Израел ги почитува човековите права во Газа

Pedro sancez.webp.webp
Img 7972

Шпанија и Ирска побараа од Брисел „итно“ да испита колку Израел ги почитува човековите права во Газа, објави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез преку социјалната мрежа „Икс“.

Соочени со критичната ситуација во Рафах на југот на Појасот Газа, шпанската и ирската Влада испратија писмо до Европската комисија во кое бараат од неа „итно да испита дали Израел ги исполнува своите обврски за почитување на човековите права во Газа“, напиша Санчез во пораката.

Двете земји бараат и Советот на ЕУ да преземе соодветни мерки доколку се заклучи дека Израел не ги почитува обврските што ги презел.

Во пораката Санчез потсети и на ужасот од 7 октомври, мислејќи на нападот на палестинскиот Хамас врз Израел, по што Израел започна воена офанзива на Појасот Газа, каде што Хамас е на власт.

Тој, исто така, побара ослободување на сите заложници кои Хамас сè уште ги држи во Газа. 

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас