Утрински Весник
Свет

Само Зеленски ќе присуствува на преговорите во Истанбул

Ukraina Rusija.png

Во Истанбул денеска се одржуваат преговори за завршување на војната во Украина. И покрај најавите на средбата во Турција нема да присуствуваат рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.

Трамп вчера изјави дека во Истанбул ќе отпатува само ако на преговорите присуствува Путин. Откако рускиот претседател изјави дека нема да присуствува на преговорите и Трамп го откажа учеството. На состанокот ќе присуствуваат државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стиф Виткоф и Кејтр Келог.


Додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека ќе присуствува на преговорите во Истанбул.

– Украина е подготвена на секаков формат на преговори и ние не се плашиме од средби, објави Зеленски на Икс.

Тој најави дека ќе се сретне и со турксиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Путин ги предложи директни преговори за завршување на војната во Украина, но тој нема да учествува, а руската делегација ќе ја предводи советникот на Путин, Владимир Медински, а ќе бидат вклучени и заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галужин и заменик министерот за одбрана Александар Фомин.

Во Истанбул во 2022 година беа одржани два дипломатски контакти со посредство на ОН и Турција. Првиот во март, кој најчесто се споменува во контекст на решавање на конфликтот, а вториот во јули, кога беше постигнат договорот за житото односно слободен извоз на житото од украинските пристаништа.

Можете да прочитате

Трамп: Нема да има напредок во мировните преговори додека лично не се сретнам со Путин

Силен земјотрес од 5,1 степени ја погоди Турција

Иран ќе го прифати договорот со САД ако бидат укинати санкциите