Утрински Весник
Македонија

Само пратениците на СДСМ и Левица излегоа пред родителите – ВМРО-ДПМНЕ се скрија зад ѕидови и процедури

Whatsapp image 2025 04 29 at 13.57.35.jpeg

Додека родителите на загинатите млади од Кочани стоеја пред Собранието со фотографии од децата и солзи што не пресушуваат, од целиот политички естаблишмент – само пратеници од СДСМ и Левица се осмелија да им погледнат в очи.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, најголемата парламентарна партија и дел од власта, останаа внатре. И додека надвор родителите повикуваа:

„Излезете, имате ли совест? Имате ли деца?“, од другата страна – молк. Ниту израз на сочувство, ниту збор за трагедијата што ја потресе јавноста.


Прв кој се соочи со луѓето беше Борислав Крмов од Левица. Тој дури побара родителите да бидат пуштени во Собранието, со став дека „секој чесен нема од што да се плаши“. Но барањето беше одбиено од претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој рече дека тоа требало однапред да се организира. Потоа се појави и лидерот на СДСМ Венко Филипче, со неколку пратенички. Тој истакна дека се излзезени да дадат поддршка и никако нема и не сакаат да ја политизираат трагедијата. Дел од присутните со аплауз го поздравија говорот на Филипче.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ, иако најмногу прозвана од родителите, не испрати ниту еден пратеник. Советничката од оваа партија во Кочани веќе си даде оставка, а прашањето што висеше во воздухот беше: има ли барем еден што ќе излезе пред народот? Одговорот се покажа – нема. Дел од пристуните го повикаа пратеникот Лефков и го обвинија дека се сликал со донации а не се појавил ни по 40 дена меѓу родителите.
„Срам да ви е!“, викна еден од родителите. „Не сакаме веќе да ве плаќаме со стотици милиони евра. Тошковски, ти си најодговорен. Лажеше за криминалите, уапси ли некого? Кај се тие началници од Кочани и Штип? И ти си криминалец!“, извика еден од граѓаните обвинувајќи го министерот за внатрешни работи, кој во тој момент не беше ни блиску.

На крајот, по огромен притисок, дојде покана за средба со Тошковски во МВР. Но, впечатокот остана: додека родителите беа на улица, политиката се сокри во институциите. И само мал број од опозицијата имаа храброст да излезат.

Можете да прочитате

Средба на Али Ахмети со Вјоса Османи

Запалена куќата на Александар Пандов: „Ова е цената за борбата против мафијата“

Не помина интерпелацијата на Панче Тошковски