Утрински Весник
Спорт

Самер Мекинтош постави нов светски рекорд на 400 метри слободно

Самер Мекинтош постави нов светски рекорд на 400 метри слободно

Канадската пливачка Самер Мекинтош постави нов светски рекорд на 400 метри слободно. Таа на изборното првенство на Канада исплива ново најдобро време во светот откако ја мина делницата за 3:56.08 минути.

dobivaj vesti na viber

Со тоа Мекинтош го подобри досегашниот светски рекорд на Австралијката Ариарне Титмус од 2021 за 32 стотинки.

„Ова е навистина неверојатно. Воопшто не очекував дека можам да бидам толку брза“, изјави Самер Мекинтош по големиот успех.

Можете да прочитате

Македонските спортисти тргнуваат во битка за медали – рекордна делегација на Игрите во Таранто

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона

Бабунски промаши пенал, Струга ТЛ победи во дербито на колото