Утрински Весник
Магазин

Салма Хајек морале да ја одвлечкаат до олтар

Салма Хајек морале да ја одвлечкаат до олтар

Мексиканската актерка Салма Хајек открива дека порано имала фобија од брак, и поради тоа, роднините морале да ургираат и „да ја одвлечкаат на венчавка“.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездата на „Магичниот Мајк: Последен танц“ (56) е во брак со францускиот бизнисмен Франсоа-Анри Пино (60) од 2009 година. Таа одбила два негови предлози за брак пред конечно да се согласи.

Венчавката ја доживува како „интервенција“ од нејзиното семејство.

Таа за новото издание на магазинот „Гламур“ раскажува за тоа како немала поим дека ќе се мажи на Денот на вљубените додека не се вклучиле нејзините роднини.

„Тие ме одведоа во судската палата. Моите родители, брат ми, сите се здружија,“ открива актерката.

„Имав фобија од брак. Бев нервозна… Реков ‘да’ за венчавка, но всушност немаше да се појавам тој ден или да го направам тоа“.

Таа додаде дека ѝ олеснило кога открила дека нејзиниот однос со Франсоа не се променил откако се венчале.

Двојката беше во врска три години кога се венчаа и веќе беа родители на ќерката Валентина (15).

Салма и претходно говореше за нејзината фобија од брак.

„Се срамам да признам колку пати мораше да ме праша. Три пати! Тоа беше најголем страв што некогаш сум го надминала.“

„Тој е неверојатен маж, самоуверен и феминист, кој сака силни жени, а исто така знае како да се грижи за нив.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста